Агенцијата за иселеништво по две години пауза заради пандемијата, повторно ќе го организира Спортскиот камп 2022.
Спортскиот камп ќе се одржи од 03 – 09 јули 2022 година во Охрид. Сместувањето ќе биде на товар на Агенцијата, а за точната локација ќе ве известиме дополнително.
Годинава покануваме 30 деца на возраст од 12 до 16 години да ни бидат учесници на Кампот. Ќе можеме да ги прифатиме првите 30 деца што ќе се пријават, затоа побрзајте со пријавување.
Ве очекуваме да се дружиме покрај преубавото Охридско езеро.
Пријавите праќајте ги на iskra@minisel.gov.mk кај Искра Тројачанец Најденовска.