Конкурс за избор на наставници за вршење на воспитно-образовна работа за децата на државјаните на Република Северна Македонија кои се со постојан или привремен престој во странство

0
995

Врз основа на член12став 1 и 2 од Законот за основното образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 161/2019, 229/20) и член 1,  3 и 4 од Правилникот за начин и постапка за избор на наставници за основно образование за вршење на воспитно – образовна работа за децата на државјаните на Република Северна Македонија кои се со постојан или привремен престој во странство бр.12-8133/1 од 28.08.2020 годинаи бр.12-2805/1 од 15.02.2021 година, Министерството за образование и наука објавува

КОНКУРС

 

за избор на наставници за вршење на воспитно-образовна работа за децата  на државјаните на Република Северна Македонија кои се со постојан или привремен престој во странство

 

  1. Се објавува Конкурс за вршење на воспитно-образовна работа за децата  на државјаните на Република Северна Македонија кои се со постојан или привремен престој во странство за следните држави:

Република Германија

–       Еден (1) наставник во Бохум, Елендорф, Вупертал и околината (албански наставен јазик),

–       Еден (1) наставник во Хамбург, Хановер, Лацен, Бремен, Пинеберг и околината (македонски наставен јазик)

–       Еден (1) наставник во Хамбург и околината (албански наставен јазик),

–       Еден(1)  наставник во Улм,Фаинген Енц, Штудгарт, Синделфинген и околината (македонски наставен јазик)

Француската Република

-Еден (1) наставник во Кантелеу, Верно, Пантан и околината (македонски наставен јазик)

Република Словенија

–       Еден (1) наставник во Крањ, Нова Горица, Копер, Љубљана, Дивача, Ајдовчина, Козина Хрпље и околината (македонски наставен јазик),

Швајцарската Конфедерација

–       Еден (1) наставник во Женева, Данж, Ешалан, Веве, Ивердон, Фрибург и околината (македонски наставен јазик).

1.1.        Наставата ќе се изведува на следниот јазик:

       Република Германија – два (2) наставника на албански наставен јазик и два (2) наставника на македонски наставен јазик,

       Француската Република- еден (1) наставник на македонски наставен јазик,

       Република Словенија- еден (1) наставник на македонски наставен јазик,

Швајцарската Конфедерација – еден(1) наставник на македонски наставен јазик.

 

  1. Заинтересираните кандидати потребно е да ги исполнуваат следниве услови:

– Завршено високо образование за одделенски наставник, педагог, наставник по македонски јазик или наставник по албански јазик(VII/1 степен, односно VI A според Македонската рамка на квалификации  или со 240 ЕКТС);

– Да имаат работен стаж од најмалку пет години во основно училиште;

– Да го познава јазикот на државата за која конкурира, односно за работните места во Република Германија потребно е познавање на германскиот јазик,за Француската Република потребно е познавање на францускиот јазик , за Република Словенија потребно е познавање на словенечкиот јазик иза во  Швајцарската Конфедерација потребно е познавање на францускиот јазик;

– Да е државјанин на Република Северна Македонија;

– Потврда дека не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност.

Времетраењето на ангажирањето на наставникот трае четири години.

Проверка на познавање на јазикот на државата за која конкурира пријавениот кандидат го врши Министерството за образование и наука.

Избраниот наставник, во рок од 15 дена од денот на склучувањето на договорот за работа, има обврска да оствари личен контакт со одговорното лице во Агенцијата за иселеништво и да остави свои контакт податоци.

  1. Потребни документи:

–       Молба;

–       Диплома за завршено високо образование или Уверение за завршено високо образование од каде ќе може да се утврди просекот, копија заверена на нотар;

–       Кратка биографија;

–       Потврда за работен стаж во основно училиште;

–       Уверение за познавање на јазикот на земјата за која конкурираат, копија заверена на нотар

–       Потврда дека не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност.

Министерството за образование и наука, по службен пат, согласно потпишаните договори за соработка, ќе обезбеди уверение за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.

  1.  Дневно работно време на наставникот:

 – 8 часа во зависност од организацијата на воспитно-образовната работа на наставникот,

            4.1. Неделно работно време на наставникот:

–       најмалку 5 (пет) дена во неделата.

 

4.2.Основен надоместок за работа во странство на наставникот изнесува:

  • Швајцарската Конфедерација –   2.600CHF,
  • Република Германија – 1.740 ЕУР
  • Француската Република – 1.900 ЕУР,
  • Република Словенија- 1640 ЕУР.

Документите се поднесуваат во рок од 15 дена од денот на објавувањето на конкурсот во архивата на Министерството за образование и наука, ул.„Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје, со назнака „Конкурс за наставник во странство“.

Документите се доставуваат во оригинал или копија заверена на нотар.

  1. Изборот на кандидатите го врши Комисијата формирана со решение на Министерот за образование и наука во рок од 30 дена од денот на завршувањето на Конкурсот.                                                                                                                                                                                                Повеќе за конкурсот на следниот линк тука