Салата од праз

0
527

маслинки
4 страка праз
масло
сол
оцет
црн пипер

Измијте го празот и од белиот дел исечете парчиња од околу 3 см. Во сад ставете вода, посолете ја и ставете го празот да се бари. После десетина минути извадете го и ставете го во цедалка. Од како ќе се олади ставете го во длабока чинија за салата, прелејте ја со масло, оцет и поросете ја со црн пипер. Украсете ја со маслинки.