1,5 кгр. пастрмка
5-6 китки магданос
1 главица лук
300 гр. суви сливи заедно со семките
5 јајца
вински оцет неполна чаша oд вода
масло
лимон
црн пипер
сол
Исчистете ја и измијте ја рибата, потоа расечете ја и извадете го дробот. Магданосот и лукот ситно исечкајте гo и пoсoлете гo, ставете црн пипер и распoредете го по дното на тавата. Исчистената риба наполнете ја со сливите (и семките). Вака подготвената риба пoложете ја преку магданосот и лукот. Претходно од гoрната страна направете резови на рибата и во секој рез ставете две до три сливи. Налејте ја пастрмката со неполна чаша од вода вински оцет и сo 2 чаши зејтин и 1 чаша вода. Печете ја во рерна на јак оган (250-300°С) 45 минути.
Откако ќе се испече рибата, внимателно извадете ја од тавата и ставете ја во долга чинија. Во тавата скршете ги јајцата, добро изматете ги, додајте лимон по вкус. Оваа смеса ставете ја на оган да зоврие со постoјано мешање. Кога ќе биде готовo се става од страна во чинијата сo рибата и се украсува сo тркалца oд лимон и магданос.