Ѓорческа со победа го започна турнирот во Луксембург

0
325

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа со победа го започна настапот на ИТФ фјучерсот во Петанж (Луксембург) што се игра на тврда подлога за награден фонд од 25.000 долари.

Ѓорческа како седма носителка во првото коло за противник ја имаше Викторија Мунтеан (Франција) и истата ја реши за еден час и 25 минути игра. Конечниот резултат беше 2-0 во сетови, првиот сет заврши со 6-2, а пак вториот со 6-3.

Сега тетовката може мирно да го дочека следниот ривал кој ќе биде побендикот од пресметката меѓу Марго Рувуа (Франција) и Џоен Цугер (Швајцарија).