Oд 29.-31.10.2021 година во Нови Сад е одржана Меѓународна научно – стручна конференција „ПРЕДИЗВИЦИ НА ЦЕЛОЖИВОТНО УЧЕЊЕ ВО 21. ВЕК“ во Заводот за заштита на природата на Војводина – Природнонаучен музеј, во рамките на проектот „Потреби на наставниците за целоживотно учење во контекст на образованието за 21. век“, а во реализација на координаторот Тренинг центрот “КОЦЕВСКИ” од Нови Сад во соработка со партнерските организации Удруга “Звоно” од Загреб, “Отворети ги прозорците” од Скопје и Друштво на учители од Нови Сад, а во рамките на програмата ЕРАЗМУС+.
Со оглед дека основна цел на нашето Здружение е негување и зачувување на јазикот и културата, за кои несебично се залага госпоѓа Васка Чергоска, бевме поканети од Претседателката на ТЦ „Коцевски“, госпоѓа др. Даница Коцевска да присуствуваме на Конференцијата, дел и работно како преведувачи од македонски јазик, на која учествуваа и гости од Р.С.Македонија кои со свои научни трудови ни се претставија и тоа:
1. Убавка Бутлеска-педагог во ОУ „Манчу Матак“ во Кривогаштани со тема Професионален развој на наставниците и стручните соработници: состојба, проблеми и можни решенија
2. Дијана Каравилоска од ОУ „Манчу Матак“ од Кривогаштани со тема Улога на директорот во Личниот професионален развој на наставниот кадар во училиштето
3. м-р. Жанета Б. Здравковска од ООУ „Елпида Караманди“ од Битола со тема Области на стручно усовршување на наставниците
4. и проф. Славица Дабевска Кировска од Тетово со тема Текстуални и проблемски задачи – Вештина за когнитивен развој и потреба за доживотно учење
Особено интересна и едукативна Конференција.
ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ ЗА ПОКАНАТА ДО ТЦ „КОЦЕВСКИ“, ОСОБЕНО ДО ДР. ДАНИЦА КОЦЕВСКА! .