Ќофтиња од месо и ориз во сос од домати

0
429

Потребни состојки:

За ќофтиња

500 г мелено месо

125 г ориз

1 главица кромид

2 чешниња лук

1 јајце

3 лажици масло

1,5 лажичка буковец

Сол и бибер

За сос

50 мл масло

2 лажици брашно

1 л сос од домати

30 мл вода

Рузмарин

Начин на подготовка:

Исечкајте кромид и лук. Додајте ги останатите состојки и промешајте ја смесата. Направете топчиња со големина на ореви, оставете ги на страна додека го подготвувате сосот од домати.

На масло пропржете брашно, додајте ги готвените домати и оставете да зоврие додека мешате.

Додајте вода, па уште еднаш додајте ги ќофтињата. Мешајте и варете на умерена температура со повремено мешање додека да се сварат месото и оризот.

Откако ќе бидат готови додајте рузмарин или босилек. Сервирајте со пире од компири, њоки или тестенини.