Запечени тиквички со праз

0
390

Потребни состојки:

2 поголеми тиквички

3 јајца

60 г палента

50 мл масло

1 мала лажичка сол

1 мала лажичка прашок за печиво

50 г сирење

1 праз

2 големи лажици павлака за готвење

Семки по желба

Кашкавал по желба

Начин на подготовка:

Изрендајте ги тиквичките и додајте им ги останатите состојки, исечкајте го празот. Со лажица промешајте и зачинете по вкус. Вклучете ја рерната на 180 степени.

Ставете ја смесата во тава за печење. Нарендајте кашкавал. Додајте семки од сусам или ленено семе. Печете околу 30 минути.