ПОЕТСКА МАНИФЕСТАЦИЈА ,, ВАНЧО НИКОЛЕСКИ” 20- МАРТ- 2021
По повод поетската манифестација „ВАНЧО НИКОЛЕСКИ” 2020 и четврта по ред годишница од основањето на МЛД „Ванчо Николески” од Квинбијан Австралија, на 20- март- 2021 се одржа голема прослава како и промоцијии на три нови дела:
– Промоција на зборникот Поетска манифестација,, Ванчо Николески” 2020. Промоција на романот Курбан од Велика Гатсис член на МЛД „В. Николески” Квинбијан Австралија и промоција на новата книга „Да се живее поинаку” од доктор Снежана Џамбазова Попорданоска Мелбурн Австралија.
За зборникот Поетска манифестација „В.Николески” 2020 зборуваше претседателот на литературното друштво Наум Трајчески. Меѓу другото истакна дека: „Овој поетски килим за прв пат од вакви размери е исткаен од шеесет и четири автори од целиот свет со македонско потекло, на македонски јазик. Збирката потврдува дека креативноста е насекаде околу нас. Во неа пребликнува шарено богатство од теми и мотиви извезени во свој стил, на свој дијалект и свој мајчин македонски јазик.
Низ стиховите збрани се сите чувства што не опкружуваат како живи суштества. Секој стих си има посебно значење како и секој поет- своја поетска големина. Еве токму во оваа пригода почитувани автори Вие ги посеавте Вашите омилени стихови во далечна Австралија преку мостот на поезијата со име МЛД „Ванчо Николески.”
Затоа со задоволство слободно можам да кажам дека сите учесници сте и победници на оваа Поетска манифестација. Во мое име и во име на МЛД „Ванчо Николески” изразувам посебна благодарност до сите учесници за Вашето учество со надеж за поголема и поблиска соработка во иднина.”
На прославата зедоа учество сите присутни учесници читајќи ги нивните творби застапени во зборникот Поетска манифестација „Ванчо Николески” 2020. За романот Курбан од Велика Гатсис зборуваше Сузана Митев додека пак за книгата „Како да се живее поинаку” од доктор Снежана Џамбазова Попорданоска зборуваше Билјана Петрова.
Пишува Наум Трајчески претседател на :
МЛД „Ванчо Николески” од Квинбијан