Кривопаланчанка со оригинален изум во САД: Ќебето на Ивана го намалува стресот

0
456

Отсекогаш ми беше сон да направам нешто што би допрело до многу луѓе. Секој почеток има многу предизвици и тешки моменти. Вербата, поддршката и љубовта од моите најблиски ми помогна да верувам во себе со мали чекори да достигнам голема цел.

Ивана Трајановска е родена и израсната во Крива Паланка. Од 2011-та се наоѓа со адреса во САД, во Сан Франциско. Во изминатите 5 години работи како продукт дизајнер и развивач на бизнис во компанија за технологии во Силиконска Долина.

Трајановска е голем ентузијаст со мотивација за креирање нешто ново. Токму таа е дизајнерот на ќебето кое помага за намалување на стресот и инсомнијата, како и за релаксација на целото тело.

Промоцијата на ќебето која траеше само 25 дена направи предпродажба од 129,624 долари. Алфа ќебето се најде на американскиот пазар во годинава и оствари голем успех.