Почитувани,
Од понеделник 1 март 2021 година започна самопопишувањето на дијаспората, а ќе трае се до 21 април 2021 година. Со цел, реализција на една од најважните статистички операции во земјава, преку која се добиваат точни информации за состојбата на населението во Република Северна Македонија и во дијаспората, кои претставуваат основа за градење на ефикасни и ефективни јавни политики, Агенцијата за иселеништво ги повикува нашите иселеници во дијаспората, преку следниот линк https://popis2021.stat.gov.mk масовно да го реализираат правото на попис.
За сите потребни информации околу начинот на пополнување на апликацијата, во периодот од 1.03.2021 година до 21.04.2021 година, можете да не контактирате на следниот маил info@minisel.gov.mk.
Во продолжение линк од практичното објаснување на апликацијата за попис.
https://www.facebook.com/popis2021/videos/3761937347255904
Со почит,