Македонскиот модел Ивана Манас на ревија на Долче и Габана во Милано

0
443

Долго време не сме виделе наши манекенки да бидат дел од големите дизајнерски ревии на клучните модни недели, ако своевремено се радувавме на дефилирањето по светските писти на Катарина Ивановска, Мартина Павловска и Елена Реи, новата гордост е Ивана Манас од „Моделс ин“ која деновиве се појави на ревија на Долче и Габана на Миланската модна недела.

ivana manas (2)
Ивана

-Минатата недела во Милано се одржа ревијата на дизајнерското дуо Долче и Габана каде што настапи нашата гордост Ивана Манас. Откако ја обнови соработката со модната агенција „Моделс ИН Менаџмент“ за краток период потпиша договор со српската агенција ‘JS’ Management’ и веднаш решија да ја пласираат во Милано. Ивана е совршена за висока мода и очекувано беше да ја изберат за светски бренд. Сега е во Италија како дел од агенцијата ‘Тhe Lab Models Milano’ каде што работи на нови проекти и останува до средина на месец март, потоа во договор со агенцијата од Белград ќе решиме каде ќе патува следно. Заеме дека ќе направи голема кариера – вели нејзиниот матичен агент Алек Наумовски.