АВСТРАЛИЈА ПОПИС 2021

0
480

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ПРЕТСТОЈНИОТ ПОПИС ВО АВСТРАЛИЈА

Почитувани иселеници!

Пописот во Австралија ќе се одржи во вторник, 10 август 2021 година.

Овогодишниот Попис дозволува декларирање на етничката припадност на Македонците кои живеат во Австралија, затоа ве повикуваме да се искористи оваа можност за потврдување на потеклото, преку  прашањата за потекло, јазикот, земјата на раѓање и религијата.

Пописот ќе им обезбеди на Македонците во Австралија соодветно претставување и градење политики  од областа на културната разновидност, здравството, образованието и социјалните услуги.

Со идентификување како Македонец Австралијанец, ќе и се овозможи на австралиската Влада подобро да сфати кои се Македонците, како и потребите на македонската заедница во Австралија сега и во иднина.