Над 700.000 нашинци поблиску до Македонија преку новата веб-страница на Агенцијата за иселеништво

0
565

Агенцијата за иселеништво ја промовираше новата мултимедијална веб-страница  преку која иселениците ќе можат комуницираат со нашата земја и да ги најдат најновите информации од институциите и од краиштата од каде што потекнуваат.

 

Новата страница е дело на тимот вработени во Агенцијата за иселеништво. Направена е за само шест месеци откако во Агенцијата решиле дека е потребна ажурирана и модерна страница која ќе ги поврзе подобро со иселениците.

 

– Кога дојдов во декември 2020 година и од она што го затекнав во Агенцијата, прва работа што ми падна во очи беше комуникацијата помеѓу иселениците и Агенцијата. Нашата страница ја управуваше маркетинг агенција која беше платена од буџетот. Ние имаме околу 18 милиони денари буџет со се плати, а за агенцијата одвојувавме годишно околу 300.000 до 350.000 денари. Дојдов до идеја да го искористам капацитетот на вработените на кои сум им крајно благодарен. Направија натчовечки напори и го искористија својот потенцијал и за шест месеци направија нова веб страница заедно со надворешниот соработник Вероника – истакна директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски.

Според него, државните институции имаат обврска да имаат веб страни, но малку од нив ги освежуваат и објавуваат новините што се сл

учуваат. Ние како Агенција претставуваме над 700.000 иселеници надвор од Македонија и тоа значи дека имаме обврска се она што го работат во доменот на културата, спортот и нивните успеси, да го објавуваме на нашата страна. Сакав и иселениците да ги запознаеме со локалната самоуправа затоа што сите тие потекнуваат од некој крај на земјата и добро е да знаат

што се случува со местото од каде што доаѓаат – додаде тој.

Билјана Костова, раководител на секторот за одржување и унапредување

на врските со иселеништвото истакна дека страницата е огледало на надлежностите на Агенцијата за иселеништво, а рубриките се одговор на потребите и иселениците.

 

 

– Затоа предност им дадовме на иселениците и нивното секојдневно работење. Имаме околу 750 иселенички организации кои се наоѓаат во адресарот на сајтот. Во рубриката вести се информации од општините во Македонија, вести за патни исправи и информации од значење за иселениците. Во делот на културата најмногу се фокусиравме на наставата на мајчин јазик во дијаспората. Малкумина знаат дека министерството за образование испраќа наставници во ЕВропа, но во прекуокеанските земји немаме наставници. Ние сакавме да ја поддржиме оваа настава со издавање на учебници кои веќе ги има на интернет-страницата. Може да се симнат бесплатно и да се користат. Поддржуваме и нови културни настани преку кои се негуваат традицијата и обичаите. Имаме рубрика и за традиционални јадења, како и за нашите иселеници-донатори кои секогаш помагале на семејства во Македонија – истакна Костова.