ДЕТСКА ВЕЛИГДЕНСКА РАБОТИЛНИЦА ВО ВИЕНА

0
155

Викендов во просториите на МПЦО Св.Наум Охридски во Виена се одржа ♡ДЕТСКА ВЕЛИГДЕНСКА РАБОТИЛНИЦА♡

На работилницата најмалите заедно со возрасните успешно изработуваа креативни рачни изработки со велигденска тематика.

Во склоп на работилницата сите заедно имавме можност меѓусебно да се дружиме, да дегустирааме богата македонски храна и да уживаме во нашата прекрасна македонска музика.

Особена радост ни преставува успешното остварување на предвидените цели на детската работилницата, а тие се:

♡ Меѓусебно одржување и ширење на социјалниот и културниот живот на децата и возрасните во дијаспората.

♡ Зачувување на македонската традиција и негување на македонскиот јазик во дијаспората.

♡ Запознавање со христијанските обичаи од најмала возраст.

Повеќе инфо:

https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=736194338662871&id=100068169340253&rdid=9k0HKCLZRVQXx9Ag

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде