Посета на Директорот на Агенцијата за иселеништво во Кралството Холандија

0
88

Во периодот од 09 до 14 Февруари, Директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски беше во посета на Кралството Холандија.

За време на престојот во Холандија, г-дин Близнаковски ги посети иселениците кои се населени во Ротердам, Амстердам и Хаг.

На 10-ти февруари Директорот на Агенцијата за иселеништво присуствуваше на утринската литургија предводена од Отец Захариј во околината на Утрехт, каде подоцна имаше и работен состанок со здружението МПЦ ОА „Свети Стефан“. Директорот Слободан Близнаковски ја поздрави иницијативата за проектот онлајн настава по македонски јазик во организација на Детската амбасада и здружението МПЦ ОА „Свети Стефан“ и истакна дека доколку во иднина дојде до прекин на проектот, а се пројави доволен интерес за продолжување на истиот, Агенцијата за иселеништво ќе го приклучи кон својот проект онлајн настава по македонски јазик за деца на иселеници.

На 11 Февруари следеше посета на Амбасадата на Р.С.Македонија во Хаг и средба со Амбасадорката и конзулите. На средбата се дискутираше за проектите на Агенцијата за иселеништво каде што се спомена и проектот онлајн настава по македонски јазик кој го организира здружението МПЦ ОА „Свети Стефан“ заедно со Детската амбасада. Г-дин Близнаковски истакна дека Агенцијата за иселеништво како поддршка на проектот ќе помогне со материјали во вид на учебници, лектири и сл.

Во наредните денови следеше посета и дружење со иселениците од Амстердам, Ротердам и Хаг. За време на посетата , Близнаковски додели две икони како и рекламен материјал, знамиња, привезоци и сл.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде