Ден на Заедницата на Македонците во Република Хрватска

0
234

Оваа година Денот на Заедницата на Македонците во Република Хрватска свечено беше одбележан на 21 октомври 2023 година во Пула, во организација на МКД „Свети Кирил и Методиј“ од Пула.

На свеченоста, директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски ги поздрави гостите и се обрати со честитка за долгогодишното постоење и работење на Заедницата на Македонците во Република Хрватска за чувањето на македонскиот јазик, култура и традиција, со посебна благодарност до хрватските власти кои ги поттикнуваат и подржуваат македонските организации во негувањето на традиционалните вредности.

Програмата беше збогатена со настапи на сите друштва кои влегуваат во Заедницата и тоа:

  • МКД „Свети Кирил и Методиј“ Пула
  • МКД „ИЛИНДЕН“ Риека
  • МКД „Билјана“ Задар
  • МКД „Браќа Миладиновци“ Осиек
  • МКД „Охридски бисер“ Загреб
  • МКД „Македонија“ Сплит

Беа изложени и примероци на списанието „Македонски глас“ а се одржа и етно работилница. По културниот дел прославата продолжи со македонски песни, ора.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде