ЗАПОЧНА ЛЕТНАТА ШКОЛА ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК!

0
214
Започна Летната школа по македонски јазик за децата на нашите иселеници во Охрид.
Триесет ученици од Норвешка, Малта, Словенија, Франција, Германија, САД, Русија, Австрија и Србија следните 6 дена ќе следат настава по мајчин, македонски јазик, спортски активности и посети на културно-историски знаменитости во Охрид.
                
Директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски, ги поздрави учениците, им заблагодари за интересот за учество и учење на мајчиниот јазик и им посака пријатен и незаборавен престој во татковината!