Др Миле Гламчевски алумни на годината на Универзитетот Чарлс Стурт во Мелбурн

0
264

Неуморниот Австралиец со македонско потекло, чиј огромен придонес на полето на менталното здравје се протега на три континенти е прогласен и за алумни на годината од страна на универзитетот Чарлс Стурт од Мелбурн за неговата служба во заедницата.

Др Миле Гламчевски е автор на прирачник со инструкции за поддршка на вработените во итните служби во Австралија, бидејќи како што вели во разговор за СБС на македонски и на луѓето кои се секогаш први да дадат помош при итни случаи, многу често им е потребна поддршка.

За неговата посветеност и помош на полето на менталното здравје во минатото, надвор од Австралија, од кралот на Камбоџа во март 2020 година, беше одликуван со титулата витез.
Повеќе можете да прочитате ТУКА