Нова апликација за читање и слушање книги на македонски јазик

0
548

 

Како да ги поттикнете децата да читаат повеќе книги, а времето поминато пред екраните на мобилните уреди да биде корисно, едукативно и забавно?

Многу лесно! Ви ја претставуваме Бокси Кидс, првата македонска детска апликација за читање и слушање книги.

Бокси Кидс е најбогатата детска библиотека која брои преку 350 е-книги и аудио книги достапни на македонски, англиски и албански јазик. Апликацијата прави креативен спој помеѓу учењето и забавата за децата уште од најмлада возраст од 3 па се до 16 години.

Најзабавните македонски наслови се дел од библиотеката на Бокси Кидс и бројот континуирано расте.

Светот на Биби, Мимбо Џимбо, Фармерот Борис, Ежето Снеже, Јазовецот Итре, Хити, Лина и Мина, Вонземјанинот Лу-Ру-Су, Сплесканиот зајак, Кралот Арктик, Кралицата и Чудовиштето, Стела и Сани и уште стотици забавни сликовници, авантуристички приказни, едукативни книги, басни и поучни четива можат да се прелистаат на Бокси Кидс

 

Бокси Кидс е компатибилна за мобилен телефон и таблет. Корисниците само треба да отворат свој профил преку веб-страната на Бокси Кидс, да се претплатат, да ја преземат апликацијата од  App Store или Play Store  и за само 199 денари месечно да уживаат во бескрајната дигиталната библиотека и игрите.

 

Апликацијата е направена за да го разубавува светот на најмладите и конечно да ја разбуди љубовта кон литературата и читањето.

 

Бокси Кидс претставува спој помеѓу светот на игрите и светот на книгите. Во апликацијата дечињата можат да одберат свој аватар и да го уредуват со паричките собрани од секоја прочитана книга. Прочитаните книги им носат наградни поени со кои што можат да добијат многу награди како Робакс картички и еден мал куп на аксесоари / додатоци за аватарчето.

Покрај книгите, за развивање на интелектот и љубопитноста на децата во оваа апликација ќе бидат достапни и едукативни квизови, како и можност за натпреварување со другарчиња.

 

Македонската детска литература сега е на еден клик од вас. Ајде да читаме, слушаме и играме со Бокси Кидс!