Колач со јаболка

0
2758

– 1/2 чаша брашно;
– 1/2 чаша шеќер;
– 1 лажица прашок за пециво;
– 1/8 лажичка сол;
– 2 лажички екстракт од ванила;
– 2 големи јајца;
– 1/3 чаша полномасно млеко;
– 2 лажици растително масло;
– 4 големи јаболка (околу 1 кг);
– шеќер во прав за посипување (по избор).

Полнење:

– 1/3 чаша шеќер;
– 1 големо јајце;
– 3 супени лажици путер;
– листови од бадем (по избор).

Јаболката излупете ги и исечкајте ги на тенки парчиња. Загрејте ја рерната на 200 Целзиусови степени. Во голема чинија измешајте брашно, шеќер, прашок за пециво и сол. Додадете ванила, лесно изматените јајца, маслото и млекото и мешајте додека убаво не се соедини.

 Додадете ги парчињата јаболка и измешајте со раце за да бидат добро премачкани со смесата. Калапот за торта со дијаметар од 22 см лесно намачкајте го со путер и подлогата обложете ја со хартија за печење, а потоа ставете ја смесата внатре. Печете во средината на рерната 30 минути.

За филот по желба се мешаат лесно изматеното јајце, шеќерот, растопениот путер и бадемите. Прелијте ја смесата врз колачот и преливот рамномерно распоредете го врз јаболката, па повторно ставете го во рерна 20 минути. По желба посипете со шеќер во прав.