Македонскиот дизајнер Сатја Грабулоски веќе седум години црта патики за големите светски ѕвезди. Леброн Џејмс, Кристијано Роналдо, Серхио Рамос, Мајли Сајрус, Дуа Липа и Тиесто… или нашите Горан Пандев, Елиф Елмас, се само дел од околу тристате ѕвезди кои имаат патики со негов потпис.
„Бев во САД и требаше да имам состанок со Л.А Лејкерс околу деталите на нашата соработка. Но, дента кога стигнав во Лос Анџелес се случи хеликоптерската несреќа во која загина Коби. Кога слетав, уште на аеродромот гледав фанови во негови дресови и на почетокот не знаев што се случува. Дури потоа ми кажаа дека Брајант загинал, а патиките за коишто имавме и готова скица, никогаш не ги направив“- раскажа Грабулоски за „Репортер“.
Повеќе можете да прочитате ТУКА