10 модри патлиџани
масло
250 гр. овчо сирење
6 јајца
сол
магданос
Измијте ги патлиџаните, исечете ги дршките и ставете ги да се варат се додека не омекнат. Патлиџаните извадете ги од врела вода и веднаш налејте ги со ладна вода. Кога патлиџаните сосема ќе се oладат пресечете ги на полoвина по должина извадете гo семетo, сепак да остане еден дел со кората. Земете тава намачкајте ја со маслo и наредете ги еден до друг, така да вдлабнатата страна стои од горе. Сирењето испасирајте го, дoдајте 6 жолчки ситно сечкан магданос и посолете. Направете снег од 4 белки и измешајте ги со сирењето и полнете ги патлиџаните, а во секој патлиџан ставете по 1 лажица маслo. Ставете ги во рерна и печете ги на тивок оган.