Фросина Трајкоска, уште студент, а веќе добива високи награди

0
319

Зошто ја избравте Љубљана за додипломски студии?

– Студиите ги започнав на словенечки јазик, што ми овозможи интензивно да го научам јазикот за многу кратко време. Но, во втора година продолжив на англиски јазик за да можам да следам предавања не само од професори од Словенија, туку и од светски рангирани професори од различни универзитети, и да го проширувам своето знаење во областа на меѓународната економија.
Мојот факултет нуди слободен пристап до сите видови печатени или електронски материјали. Во соработка со сите библиотеки во Љубљана, дополнително имаме можност за бесплатно изнајмување книги и користење на нивните простории. Покрај тоа, професорите и асистентите се секогаш достапни и полни со ентузијазам да помогнат. Честопати се случува доцна во ноќта да испратам е-пошта во врска со моите студентски задачи и веднаш да добијам одговор.
Моето образование сакав да го продолжам надвор од Македонија со цел да добијам подобар квалитет на образование. Разгледував многу можности во Европа, но Љубљана и Универзитетот во Љубљана нудеа идеални услови за студентски живот и додипломски студии. Иако е мала, Љубљана е зелената престолнина на Европа, каде што возењето велосипед е најголемиот тренд, дури и за професорите. Дополнително, студиите се бесплатни, Универзитетот е високо рангиран, студентите имаат право на субвенционирана храна и можност за студентска работа. Покрај тоа, секоја година се организираат различни настани за поврзување на студенти и идеи.

Целиот текст можете да го прочитате тука