Мусака со тиквички и домати

0
464

– 1 килограм тиквички
– 50 мл. маслиново масло
– 2-3 чешниња лук
– 80 гр. тврдо сирење
– 80 гр. чедар
– 3 јајца
– 160 мл. млеко
– 6 лажици брашно
– шери домати
– копар

  1. Исечкајте ги тиквичките на коцки, а сирењата изрендајте ги.
  2. Во еден сад помешајте ги исечканиот копар, маслиновото масло и изренданиот лук, промешајте и оставете 10-тина минути за вкусовите да се спојат.
  3. Изматете ги јајцата, додајте го млекото и брашното и соединете. Додајте зачини по желба и повторно промешајте.
  4. Во садот со јајца додајте ја смесата од копар, лук и маслиново масло, промешајте, па додајте ги и ренданите сирења (оставете дел за одозгора).
  5. Во огноотпорен сад, кој претходно ќе го намастите, ставете ги тиквичките, а потоа прелијте со смесата.
  6. Одозгора ставете ги шери доматите исечкани на половина и додајте го преостанатото сирење.
  7. Печете на 180 Целзиусови степени околу 1 час.