САД, Русија, Велика Британија го честитаа Денот на македонскиот јазик

0
298

Членките на Советот за безбедност на Обединетите нации – САД, Русија, Велика Британија, преку своите амбасади во Македонија, го честитаа Денот на македонскиот јазик 5 мај.

„Среќен Ден на македонскиот јазик! Го споделуваме видеото со американски дипломати кои зборуваат на македонски јазик и ги даваат своите погледи за предизвиците за учење на јазикот, за изговарање одредени зборови и друго“, објави Амбасадата на САД на Твитер.

Руската амбасада го честита Денот со твит на македонски:

Британската амбасада, пак, сподели твит од амбасадорката Рејчел Галовеј со видео во кое таа рецитира стихови на македонски од поетот Кочо Рацин.