Драги играорци,
Ве известуваме дека Агенцијата за иселеништво ќе организира Иселенички фолклорен фестивал на кој учество ќе земат четири културно – уметнички друштва од иселеништвото во периодот од 20 – 24 јули 2022 година во Охрид.
Хотелското сместување за три ноќи во Охрид, на база полн пансион ќе биде покриено од страна на Агенцијата за иселеништво. Патот до Охрид ќе биде во организација на самите учесници.
Покрај настапите ќе се одржуваат и работилници со еминентни културно уметнички работници за продуцирање на народна музика, кореографии и изработка на носии. За време на престојот во Охрид ќе се организираат посети на значајни културно-историски знаменитости.
Ќе биде организирана и свечена вечера за гостите, ансамблите и локалниот тим.
За таа цел, ги повикуваме културно-уметничките друштва од иселеништвото кои се заинтересирани за учество на Фолклорниот фестивал да се пријават на електронската адреса на Агенцијата за иселеништво: info@minisel.gov.mk