4 Мај 2022 година.
По повод 119 години од смртта на Македонскиот Апостол и великан Гоце Делчев, Управата на Македонската Православна Општината од Геелонг, положи свежо цвеќе и се поклони пред споменикот во дворното место на црквата “Свети Јован Крстител”.
Истовремено изрази голема благодарност до херојот, за саможртвата, што ја даде за Македонскиот народ.
Ликот и делото на Гоце Делчев, се длабоко врежани во свеста на секој Македонец, каде и да живее и залудни се сите обиди на големо бугарската пропаганда, за извртување на историските факти и вистини.
Нека му е вечна славата !!!