Научен симпозиум „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“

0
377

(МИА) – Научниот симпозиум „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“ денеска ќе биде отворен во Музејот на македонската борба, во организација на Институтот за национална историја – Скопје.

На шесте работни сесии, што ќе се реализираат денеска и утре во Музејот на македонската борба и во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ свои реферати ќе презентираат 46 еминентни професори и научници од земјата.  На тој начин, како што соопшти организаторот, научно ќе биде елабориран неспорниот придонес на Гоце Делчев во создавањето на современата македонска држава, кој е трајно вграден во колективната меморија и традициите на македонскиот народ.

Пред свеченото отварање, учесниците на научниот симпозиумот ќе имаат прием кај претседателот на Собранието Талат Џафери.