Промоција на културните активности на Македонците во Хрватска во организација на Агенцијата за иселеништво

0
423

Во организација на Агенцијата за иселеништво се одржа Промоција на книгата „ Македонија така далечна, а така блиска“ од авторот  Драгољуб Силјаноски, член на Друштвото „Браќа Миладиновци Осиек“,  издадена од  Заедницата на Македонците во Република Хрватска и финансирана од Советот за национални малцинства на Република Хрватска. Настанот беше збогатен со  прикажување на филмот „160 годишнина од печатењето на Зборникот на Браќа Миладиновци во Ѓаково“ снимен од Друштвото „Браќа Миладиновци од Осиек“, кој претставува  колаж од разговори со Бискуп,монс.Ѓуро Храниќ и Бискуп монс. во мир Марин Сракиќ, во режија на  Тони Балог. 

За филмот и книгата говореа Јулијана Младеновска Тешија и д-р Игор Јуруков. Директорот на Агенцијата за иселеништво Слободан Близнаковски ги поздрави присутните, изрази  задоволство за соработката помеѓу Агенцијата за иселеништво и МКД „Браќа Миладиновци од Осиек“ и упати  благодарност  до градоначалникот на Град Нашице, г-дин Крешимир Кашуба,  за неговото присуство и поддршката која ја дава на Македонците кои живеат во Нашице и околината.

На промоцијата како почесни гости присусувуваа: Градоначалникот на Град Нашице г-дин Крешимир Кашуба,  Бискупот монс. д-р Киро Стојанов и Отец Марјан Ристов, канцелар,  претставникот од Амбасадата на Република Хрватска во Република Северна Македонија г-ѓа Ана Вучиќ, претседателот на Заедницата на Хрватите во Република Северна Македонија г-дин Ненад Живковиќ и претставници од Хрватското друштво, огранок Охрид и Струга.