– Половина главица карфиол;
– 3 јајца;
– 1 лажица брашно;
– Малку вода;
– 100 грама кашкавал;
– Зачини по желба.
Подготовка:
Прво потребно е да го сварите карфиолот, додека не омекне. Кога ќе омекне извадете го од тенџере и процедете го, па згмечете го.
Потоа додадете ги јајцата, а потоа брашното. На крај додадете малку вода, во зависност од густината.
Време е да ја загреете тавата. Кога ќе биде доволно топла, во неа додадете масло за јадење.
Од подготвената смеса обликувајте плескавици, па ставете ги во маслото за јадење во тавата. Откако плескавиците ќе бидат готови, над нив изрендајте кашкавал.