800 гр. праз
200 гр. овчо сирење
20 гр. масло
2 јајца
40 гр. брашно
црн пипер
1/4 литар млеко
сол
Празот исчистете гo, исечете го на парчиња долги 2 см., сварете го во солена вода, а потоа исцедете го. Половината од празот ставете го во подмачкана тава, преку празот ставете го сирењето претходно издробено и на крајот малку црн пипер. Ова прекријте го со другата половина од празот.
Направете потоа глатка смеса од јајцата, бpaшното и млекото и прелијте го со неа празот.
Печете го во рерна додека се зарумени. Служете со лут ајвар и туршија.